јули 10, 2025

Активности за справување со последиците од топлотните бранови

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош активно се вклучува во превземањето на активности за заштита на населението од топлотните бранови.

Во периодите на високи температури се реализираат различни активности како: електронско споделување на совети за превенција од топлотните бранови, делење на информативни флаери на случајни минувачи на фреквентни места, патролирање на мобилен тим по прва помош, мерење на крвен притисок и делење на флаширана вода.

На ден 27 јуни и 08 јули 2025 година, тимови од по тројца волонтери од Црвен крст на РСМ – ОО Карпош беа ангажирани во теренските активности.

< врати се назад