
Активности за деца и млади преку проектот „Хуманко“
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади при Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, на 23.05.2026 г. беше реализирана 3 часовна едукативна активност – Ликовна работилница, наменета за 18 деца и млади од целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик, како и млади со типичен развој, заедно со волонтери од Клубот на млади.
Ликовната работилница беше организирана по повод учество на ликовниот конкурс на ЦКРСМ-ОО Карпош во рамки на одбележувањето на 8 мај – Денот на движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина и 22 април – Денот на планетата Земја. Секој учесник од целната група изработи по 2 ликовни творби изразувајќи се со слободна тема и слободна техника.
Работилницата помина во интерактивна и забавна атмосфера, а сите учесници добија пофалници за учество на ликовниот конкурс.






































