
јули 9, 2026
Активности преку проект „Хуманко“
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 07 јуни 2026 година беше реализирана двочасовна активност – Спортско-рекреативен полигон наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.
За време на активноста, учесниците имаа можност да се рекреираат преку наменско креиран и поставен полигон со разни чекори за чекорење по линија, трчање, скокање, редење на коцки и т.н.
Активноста беше реализирана во околината на објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош и на истата беа присутни 18 деца и млади од целната група и волонтери од Клубот на млади.






































