
ноември 6, 2019
Активност за поставување на шатори
Во периодот од 28.10 до 01.11.2019 се реализираа активности за поставување на шатори во училишните клубови во три основни училишта.
Учениците, членови на училишните клубови од ООУ ,,Ѓорче Петров”, ООУ ,,Мирче Ацев” и ПСУ ,,Максимилијан” имаа можност да ги надградат вештините за поставување на мали шатори.
Вежбите се реализираа во присуство на волонтери од Клубот на млади на ЦКРМ – ОО Карпош.
Беа реализирани три вежби на кои присуствуваа вкупно 51 ученик од 6то до 9то одделение и 6 волонтери од Клубот на млади.