
ноември 27, 2020
Активност преку проектот ,,ХУМАНКО“ на Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош- „Сакам подобро да те запознаам“
На ден 21 ноември 2020 година со почеток од 10:00 часот преку електронската платформа – ZOOM се реализираше активност на проектот Хуманко на Клуб на млади на Црвен крст на РСМ-ОО Карпош.
На активноста присуствуваа вкупно 25 учесници од кои 15 беа учесници од целната група на проектот, 10 волонтери.
Со цел волонтерите и учесниците од целата група да се запознаат подобро, беше реализирана активност во која пред средбата учесниците и волонтерите имаа задача да исконтактираат свое другарче од целната група и меѓусебно да си постават претходно зададени прашања, додека одговорите ги претставуваа на самата средба.
За време на активноста атмосферата беше позитивна. Учесниците имаа можност на подобро да се запознаат и притоа да се забавуваат.



































