мај 26, 2026

81 студент ја даруваа најскапоцената течност – крвта

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, реализираше дводневна крводарителска акција за млади во читалната на Факултетот за електротехника и информациски технологии, наменета за студентите од Кампусот факултети во Карпош 2. Акцијата се одржа на 06 и 07.05.2026 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, а истата ја посетија над 100 студенти и вработени.

Благодарение на хуманоста и солидарноста на студентите, беа реализирани 81 крводарување, со што беше даден значаен придонес во обезбедувањето на потребните резерви на крв и спасувањето човечки животи. Значајна улога во успешната реализација на акцијата имаа студентските собранија при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Технолошко-металуршкиот факултет и Машинскиот факултет. Упатуваме искрена благодарност до сите крводарители и соработници за нивниот придонес и поддршка.

< врати се назад