февруари 29, 2024

76 млади во промоција на здрави животни навики

Клубот на млади Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош под мотото „Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања“ оваа година активно се вклучи во Одбележувањето на Неделата на борба против срцево-садови заболувања во периодот 21-28 февруари.

Традиционално, по шести пат на 23 февруари 2024 година беше организиран рекреативно-едукативен марш до Средно Водно за 76 учесници – членови и волонтери од Клубот на млади, учесници од проект „Хуманко“, ученици од средните училишта СУГС„Здравко Цветковски“, СУГС „Никола Карев“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Георги Димитров“ и ученици од основното училишта ООУ „Петар Поп Арсов“.

Пред почетокот на пешачењето, на сите учесници им беа поделени вода и овошје, а за време на качувањето имаа можност да се запознаат меѓусебно. На Средно Водно беше реализирана едукативна активност во која учесниците поделени во групи креираа иницијативи за превенција од срцево-садови заболувања и имаа можност да ги презентираат. На крајот на активноста на сите учесници им беа поделени благодарници за учество во активноста. Во подготовките и реализацијата на оваа активност беа вклучени 22 волонтери кои остварија 196 волонтерски часа.

< врати се назад