мај 26, 2026

45-ти Општински натпревар по прва помош 2026

На 29 април 2026 г. во ООУ „Петар Поп Арсов“ – Скопје, Црвен крст на РСМ – ОО Карпош го одржа 45-от Општински натпревар на екипите по прва помош во категориите подмладок и младина од основните и средните училишта од општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај. Натпреварот беше поддржан од Општина Карпош, ООУ „Петар Поп Арсов“, компаниите „Специјал“ и „СМД Солушн“. На настанот присуствуваа над 400 лица: директори, професори и ученици од основните и средните училишта, лекари, демонстратори по прва помош, родители, вработени, членови, волонтери, соработници и поддржувачи на Црвениот крст.

На натпреварот, стекнатите знаења ги покажаа 34 екипи, од кои 24 во категоријата подмладок и 10 во категоријата младина, распоредени на три траектории со по шест бази. За оценувањето на екипите по прва помош беа ангажирани лекари и демонстратори, додека за реалниот приказ на сценаријата со повреди се погрижија три шминкери и 28 манекени. За навремен тек и водење на екипите беа ангажирани 19 водичи – волонтери од ОО Карпош.

Подготовките на пријавените екипи со вкупно 254 ученици беа спроведени од 10 млади демонстратори во период од еден месец. Во знак на признание за поддршката, на сите одговорни наставници им беа доделени благодарници.

Овој натпревар имаше истакната инклузивна и еколошка димензија, што придонесе за зголемување на неговото воспитно-образовно значење. Во натпреварот, како манекени и волонтери на дел од базите, беа вклучени учесници од целната група на проектот „Хуманко“. Исто така, за време на натпреварот беа поставени корпи за селекција на рециклирачки отпад.

Значајно е да се истакне дека во подготовките, организацијата и реализацијата на натпреварот се вклучија 122 волонтери од Црвен крст на РСМ – ОО Карпош, кои остварија вкупно 976 волонтерски часа.

Првите три места по прва помош ги освоија:

Категорија – подмладок

  1. ООУ „Аврам Писевски“
  2. ООУ „Петар Поп Арсов“
  3. ООУ „Владо Тасевски“

Категорија – младина

  1. СУГС „Орце Николов“
  2. СУГС „Георги Димитров“
  3. СУГС „Кочо Рацин“

Првите три места во дисеминација ги освоија:

Категорија – подмладок

  1. ООУ „Петар Поп Арсов“
  2. ООУ „Војдан Чернодрински“
  3. ООУ „Сами Фрашери“

Категорија – младина

  1. СУГС „Лазар Танев“
  2. СУГС „Орце Николов“
  3. СУГС „ИПС Македонија“

Првите три места во забавни игри ги освоија:

Категорија – подмладок

  1. ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ и ООУ „Ѓорче Петров“
  2. ООУ „Дрита“
  3. ООУ „Аврам Писевски“

Категорија – младина

  1. СУГС „Лазар Танев“
  2. СУГС „Математичко-информатичка гимназија“
  3. СУГС „Орце Николов“
< врати се назад