
44-тиот Општински натпревар по прва помош во Црвен крст на РСМ – ОО Карпош за ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
На 22 мај 2025 година во паркот во Ѓорче Петров-Скопје, Црвен крст на РСМ-ОО Карпош го одржа 44-от Општински натпревар на екипите по прва помош во категоријата подмладок-основни училишта. Натпреварот беше поддржан и помогнат од општина Ѓорче Петров и компанијата СМД Солушн-Скопје. На настанот присуствуваа над 350 лица: директори, професори, наставници-ментори и ученици од основните училишта, лекари, демонстратори по прва помош, родители, вработени, членови, волонтери, соработници и поддржувачи на Црвениот крст.
На натпреварот, стекнатите знаења за прва помош ги покажаа 22 екипи составени од ученици од 22 основни училишта преку посетување на 6 бази организирани на 2 траектории. За регуларноста на натпреварот и оценувањето на екипите беа ангажирани лекари и демонстратори, а за реалниот приказ на сценаријата на базите се погрижија 2 шминкери и 18 манекени – волонтери од ОО Карпош.
Првите три места на натпреварот по прва помош ги освоија екипите од училиштата:
- 1. ООУ „Сами Фрашери“
- 2. ООУ „Јан Амос Коменски“
- 3. ООУ „Војдан Чернодрински“
Првите три места на базата за дисеминација ги освоија екипите од училиштата:
- 1. ООУ „Димо Хаци Димов”
- 2. ООУ „Војдан Чернодрински“ и ООУ „Мирче Ацев“
- 3. ООУ „Ибе Паликуќа“
Првите три места на базата за забавни игри ги освоија екипите од училиштата:
- 1. ООУ „Јан Амос Коменски“
- 2. ООУ „Мирче Ацев“
- 3. ООУ „Сами Фрашери“
Во знак на признание за поддршката во подготовката на екипите, на сите одговорни наставници им беа доделени благодарници.
Подготовките на пријавените 23 екипи со 187 опфатени ученици беа спроведени од страна на 6 обучени млади демонстратори по прва помош во период од два месеци преку одржани теренски посети во училиштата.
Овој натпревар беше со истакната инклузивна и еколошка димензија што придонесе за зголемување на неговото воспитно-образовно значење. Во натпреварот како манекени и волонтери на дел од базите беа вклучени учесници од целната група на проектот „Хуманко“. Исто така, за време на натпреварот беа поставени корпи за фрлање на рециклирачкиот отпад.
Значајно и вредно е да споменеме дека во подготовките, организацијата и реализацијата на натпреварот се вклучија 84 лица од кои 81 волонтер од Црвен крст на РСМ – ОО Карпош кои за подготовките и реализацијата на натпреварот остварија вкупно 643 волонтерски часа


