април 25, 2025

44-ти општински натпревар по прва помош за средни училишта

На 16 април 2025 година, на Спортско-рекреативниот центар во СУГС „Никола Карев“-Скопје, Црвен крст на РСМ-ОО Карпош го одржа 44-от општински натпревар во категоријата младина. На настанот присустуваа над 150 лица: директори, професори и ученици од средните училишта, лекари, демонстратори по прва помош, вработени, членови, волонтери, соработници и поддржувачи на Црвениот крст.

На натпреварот, стекнатите знаења за првата помош ги покажаа 11 екипи составени од ученици од средни училишта. Екипите се натпреваруваа на 6 бази: три бази со повреди, база за дисеминација, база за забавни игри и база за ментално здравје, одмор и освежување.

За регуларноста на натпреварот и оценувањето на екипите беа ангажирани 7 лекари и демонстратори, а за реалниот приказ на сценаријата и „повредите“ се погрижија 1 шминкер и 7 манекени – волонтери од ОО Карпош.

Подготовките на пријавените 11 екипи беа спроведени од страна на 6 обучени млади демонстратори по прва помош во период од еден месец преку одржани 20 двочасовни практични вежби и две групни онлине сесии.

Првите три места на натпреварот по прва помош – добитници на пехари и дипломи, ги освоија екипите од училиштата:

  • 1. СУГС „Орце Николов”
  • 2. СУГС „Георги Димитров“
  • 3. СУГС „Здравко Цветковски

Првите три места во областа на дисеминацијата ги освоија:

  • 1. ПСУ „Јахја Кемал“
  • 2. ПСУ „ИПС Македонија“
  • 3. СУГС „Здравко Цветковски“

Првите три места во областа на забавни игри ги освоија:

  • 1. СУГС „Георги Димитров“
  • 2. СУГС „Никола Карев“
  • 3. СУГС „Кочо Рацин“

Овој натпревар беше со истакната инклузивна и еколошка димензија што придонесе за зголемување на неговото воспитно-образовно значење. Во натпреварот како манекени и волонтери на дел од базите беа вклучени учесници од целната група на проектот „Хуманко“. Исто така, за време на натпреварот беа поставени корпи за фрлање на рециклирачкиот отпад.

Изразуваме благодарност до кафе-бар „СРЦ“ и компаниите „Специјал“ и „СМД Солушн“ за поддршката во реализацијата на натпреварот.

Значајно и вредно е да споменеме дека во подготовките, организацијата и реализацијата на натпреварот се вклучија вкупно 4️⃣5️⃣ волонтери од Црвен крст на РСМ – ОО Карпош кои остварија вкупно 2️⃣9️⃣0️⃣ волонтерски часа

< врати се назад