октомври 16, 2026

30 ГОДИНИ ЦРВЕН КРСТ ВО АКЦИЈА – ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ ВО ЦРВЕН КРСТ КАРПОШ

Оваа година го одбележуваме јубилејот – 30 години од постоењето на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“!

Веќе три децении, овaа програма ги поттикнува, едуцира и активира младите ширум целата земја. Секоја година околу 1.200 младинци подготвуваат над 150 мали проекти за поддршка на ранливите категории, социјално загрозените лица, соработка со институции и заштита на животната средина – градејќи и промовирајќи тимски дух, волонтерство и хуманост.

По тој повод, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош ве поканува да бидете дел од одбележување на овој голем јубилеј! На настанот ќе изразиме искрена благодарност до сите волонтери, дисеминатори, училишта, професори и соработници кои во изминатите години дадоа свој придонес, а ќе ги презентираме и овогодинешните проекти изработени од младите волонтери.

  • Датум: 20 октомври 2026 година (вторник)
  • Време: 13:30 часот
  • Локација: Конференциска сала во Музејот на македонската борба – Скопје

Важна напомена: Бидејќи местата се ограничени, ве замолуваме задолжително да го најавите своето присуство најдоцна до 19.10.2026 година (понеделник) до 12:00 часот на е-маил nedelkovski@redcross.org.mk.

Ве очекуваме заедно да им оддадеме признание на младите херои на денешното време!

< врати се назад