
јули 10, 2025
30 БЛАГОДАРНИЦИ ЗА ВОЛОНТЕРИТЕ НА КЛУБОТ НА МЛАДИ
Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош своите редовни активности ги реализира паралелно со текот на учебната година. Во истиот временски период се реализираат и постојани редовни состаноци на Клубот на млади.
Традиционално, секоја година Клубот на млади оддава признание и благодарност на волонтерите за нивниот ангажман во текот на годината. За таа цел на последниот редовен состанок на Клубот на млади одржан на 21 јуни 2025 година во просториите на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош беа поделени благодарници на 30 членови и волонтери од Клубот на млади за нивниот даден придонес во реализацијата на активностите на Клубот во изминатата 2024/2025 година.

