
26 Редовни состаноци на Клубот на млади во учебната 2024/2025
Со цел полесно информирање, споделување на информации, планирање, организирање, координирање на активностите и делегирање на обврски и задачи, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, континуирано реализира редовни состаноци во текот на тековната учебна година во препознатливиот редовен термин – секоја сабота од 17:30 часот во објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош.
Во учебната 2024/2025 година, во периодот од септември 2024 до јуни 2025 година, Клубот на млади на ОО Карпош реализираше26 редовни состаноци на кои се остварени вкупно 491 присуствo од страна на над 55 волонтери и разгледани се вкупно 177 точки по дневните редови.
Дополнително, во истиот период помеѓу два состаноци на Клубот, Координативното тело на Клубот на млади одржало 5 состаноци на кои се остварени вкупно 43 присуства и се разгледани вкупно 46 точки по дневните редови.
