декември 20, 2024

240 творби на Ликовен конкурс

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во текот на месец април и мај 2024 година спроведе ликовен конкурс по повод  одбележување на 22-ри април – Денот на планетата Земја и одбележување на 8 мај – Светскиот ден на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина. Конкурсот беше наменет за учениците од прво до деветто одделение од основни училишта и од прва и втора година од средни училишта.

На конкурсот учествуваа 240 ученици од ООУ „Петар Поп Арсов“, ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Мирче Ацев“, СУГС „Георги Димитров“, волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош и учесници од целната група на проектот „Хуманко“. Во подготовката на творбите учениците беа менторирани од 33 ментори – наставници.

За ликовниот конкурс по повод 22-ри април – Денот на планетата Земја беа доставени вкупно 180 ликовни творби, додека за конкурсот по повод 8 мај – Светскиот ден на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина беа доставени 60 ликовни творби.

Во продолжение, следи албум од двата конкурси со наградените 41 ликовна творба наградени со дипломи и пофалници. На сите наставници-ментори им се доделени благодарници за поддршка и учество во конкурсот.

< врати се назад