
14-та Традиционална крводарителска акција – Матка, 2019 година
📍 Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Македонска Православна Црква-Скопска епархија, а по повод Верскиот празник “Успение на Пресвета Богодорица” по 14 пат успешно ја реализира трационалната крводарителска акција.
📍 На дводневната крводарителската акција која се одржа на 27 Август 2019 година во периодот од 19;00 до 00,00 часот и на 28 Август 2019 година во периодот од 09,00 до 15,00 часот во Манастирот „Успение на Пресвета Богодорица” во Матка , крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 121 крводарител.❤️
📍 За прв пат оваа акција беше организирана во 2006 година а поради нејзината препознатливост истата доби традиционален карактер, а бројот на крводарувањата од година во година бележи постојан пораст.