
Учество на работилница за обука на вработени лица и волонтери на Црвен крст за процесот на подготовка на проектна апликација
Двајца волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 18 февруари 2020 година во просториите на Црвен крст на град Скопје, учествуваа на првата работилница за подготовка ППП (Процес на Планирање на Проекти) преку опфат на фазите планирање, подготовка на проектна апликација и имплементација на проекти.
Работилницата дојде по заедничка иницијатива на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, во насока на зајакнување на капацитетите на 11 вработените лица и волонтерите, што пак води кон уште поуспешни и поподготвени Општински организации на Црвен крст да одговорат на потребите во заедниците во кои дејствуваат.
Тимот за обука од ЦКГС, согласно агендата, ги обучи присутните по веќе постоечкиот унифицираниот формат за подготовка на проектни апликации кој Црвен крст на Република Северна Македонија го има доставено до сите Општински организации на Црве крст, согласно кој се аплицира за нивните повици, фондови и партнерски состаноци. Обуката е додадена вредност за самите Општински организации на Црвен крст, можност проектите кои ќе бидат доставени во Централната канцеларија (ЦКРСМ), како и до други донатори да бидат успешно оценети, со крајна цел помош и поддршка онаму каде и потребно и ублажување на потребите на повеќе целни групи.