
јули 16, 2021
Завршна средба на Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош
На ден 10 јули 2021 година по повод завршување на учебната 2020/2021 година, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош го одржа последниот состанок. Состанокот беше посветен на презентирање на Извештајот за реализирани активности на Клубот. Исто така на членовите и волонтерите им беа поделени благодарници за дадениот придонес во реализацијата на активностите на Клубот, беџови со ликот на основоположникот на Движењето – Анри Динан и им беа поделени членските картички на младинците кои се членови на организацијата.
Состанокот помина во опуштена и конструктивна атмосфера и истиот се одржа во дворот на објектот на ОО Карпош во периодот од 19 до 20:30 часот. За време на активноста беа применувани заштитните превентивни мерки за превенција од коронавирусот Ковид 19.




































