септември 22, 2026

Реализиран квиз за основни познавања за Првата помош

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на Првата помош, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош спроведе онлајн квиз за проверка на знаењата за првата помош наменет за општата популација.

Резултати:

  • 192 учесници го проверија своето знаење преку 15 прашања.
  • 81,80% просечна успешност на целиот квиз.
  • Највисок резултат: Максимални 100%! Достигнат од страна на 28 испитаници.

Најчесто згрешени прашања и вистинските одговори што треба да ги запомниме:

  1. Како ќе ги препознаете повредените кои се во животна опасност?
    • Најчеста грешка: Гласни се и викаат барајќи помош
    • Точен одговор: Лежат мирно и не бараат помош (тишината често е знак за шок или бесознание)!
  2. Надворешна масажа на срцето и вештачно дишење се дава се додека?
    • Точен одговор: Се дава СЀ ДОДЕКА не дојде екипа на Итната медицинска помош ИЛИ додека повредениот не започне да дише нормално.
  3. Доколку има туѓо тело во раната (на пример парче стакло) треба
    • Најчеста грешка: Обид за вадење на туѓото тело.
    • Точен одговор: Туѓото тело НЕ СЕ ВАДИ! Се фиксира со завојно геврече или газа околу него околунего и да се зацврсти со завој.
  4. Препознавање на артериско крварење:
    • Најчеста грешка: Мешање со венско крварење (темно црвена крв).
    • Точен одговор: Артериската крв е светло црвена и истекува во вид на млазови.

Број на Итна медицинска помош: 194

Честитки до сите учесници за покажаниот интерес! Ваквите анализи ни помагаат да ги исправиме дилемите и да бидеме подобро подготвени. Научете прва помош – Спасете живот!

< врати се назад