
јануари 23, 2024
Новогодишна магија во 86 домови за новогодишните празници
Традиционално, по четврти пат на 11 и 12 јануари 2024 година волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош спроведоа теренска посета на домовите на 86 деца и млади со цел делење на новогодишни пакетчиња. Со оваа активност беа опфатени деца и млади со попреченост, со потешкотии во учењето, од еднородителски семејства, од семејства во социјален ризик и деца со типичен развој од целната група на проектот „Хуманко“ и базата со корисници на Црвен крст Карпош. Во активноста беа вклучени 10 волонтери кои остварија вкупно 104 волонтерски часа. Освен новогодишните пакетчиња, за време на активноста меѓусебно беа подарени и разменети и многу прегратки, детски насмевки и убави зборови.