
август 16, 2021
Летна вечер за волонтерите и членовите на Клуб на млади
Вкупно 16 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 04 Aвгуст 2021 година органзираа тематска активност насловена ,,Летна вечер,,
Преку реализација на најразлични друштвени игри и активности во духот и стилот на 80-тите години, настанот имаше за цел мотивирање и вклучување на младите волонтери и членови во активностите на Црвениот крст во текот на летниот период.
За време на активностите кои се реализираа во Општинската организација Карпош целосно се применуваа и почитуваа протоколите и мерките за заштита и превенција од коронавирусот КОВИД – 19 преку мерење на температура, честа дезинфекција, одржување на растојание и носење на заштитна маска.




































