
ноември 29, 2021
Дисеминациски сесии за волонтери и ученици од основните училишта
Во рамките на програмските активности од областа на дисеминацијата, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во Ноември 2021 година спроведе 3 дисеминациски сесии со кои беа опфатени вкупно 50 слушатели–нови волонтери и ученици од основните училишта.
Една дисеминациска сесија се одржа на 9 Ноември 2021 година за 6 нови волонтери од Клубот на млади на Општинската организација Карпош, а на 25 Ноември уште една сесија за 18 ученици од VII-мо и VIII-мо одделение од основното училиште ,, Димо Хаџи Димов” и за 26 ученици од VIII-мо одделение во Основното училиште ,,Мирче Ацев” во Општина Ѓорче Петров.




































