септември 17, 2026

Реализација на младинскиот проект „Летна едукација 2026“

На иницијатива на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во рамки на летната програма, во периодот од јули до септември 2026г. по втор пат се спроведува проектот „Летна едукација 2026“, проект за поддршка во воспитно-образовниот процес кај 7 деца и млади на возраст од 6 до 20 години.

Целта на проектот беше одржување и поттикнување на навиките за учење преку реализирање на едукативни активности за учесниците од целната група на проектот „Хуманко“ кои се вклучени во редовно образование. Дополнително, со овој проект се овозможува редовен волонтерски ангажман за дел од волонтерите од Клубот на млади кои беа расположливи во летниот период.

Активностите се реализираат еднаш неделно во времетраење од 2.5 часа. Планирана е реализација на вкупно 120 едукативни часови со активности по предметите македонски јазик и математика, а на секоја средба има и забавна/креативна работилница. Проектот го реализираат 9 волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад